
Портпаролот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Јованчо Секуловски, праша сошто градоначалникот со месеци не успеал да го изменаџира сопствениот тим и мнозинството во Советот кое што го контролирал, да ги донесат потребните детални урбанистички планови кои ќе овозможеа реализирање на одобрените проекти од страна на Владата: Марина за пловни објекти – инвестиција од 2 милиони евра; Олимписки базен во Охрид – инвестиција од 7 милиони евра; Изградба на 2 фудбалски игралишта во Охрид и Лескоец – инвестиции од четиристотини илјади евра и изградба на 4 тениски игралишта – инвестиции од двесте илјади евра
– Ако граѓаните на Охрид, посебно младите, имаат животен интерес за изградба на овие објекти, зошто г-дин Петрески таков интерес нема? Ако Општина Охрид има интерес од инвестиции во вредност од 9 милиони и шестотини илјади евра и има интерес да собере комуналии во вредност од околу 1 милион евра од реализацијата на овие проекти, зошто г-дин Петрески таков интерес нема? -праша Секуловски
Тој запраша зошто последните денови од мандатот тимот на градоначалникот ги троши во брзоплето носење на нови Детални урбанистички планови за повеќе атрактивни локации во градот?
– Кој е, и од каква природа е, интересот на Петрески за донесување на овие планови кои немаат ништо заедничко со општиот интерес на охриѓани? – рече Секуловски.











