Со штури соопштенија против одлуки од кои корист ќе имаат градот, а пред се охриѓани, ВМРО НП се труди да ја изманипулирате јавноста со цел  да го покрие неуспехот кога беше дел од Локалната власт, стои во реакцијата на владејачката ВМРО ДПМНЕ на ставот на опозциската ВМРО НП во врска со концептот за изградба на нов зелен пазар во Охрид. 

-Имено сликата која сакате да им ја претставите на граѓаните, за наводното развреднување на имотот на општината, е далеку од реалноста. Во физибилити студијата јасно стои дека Јавното претпријатие добива простор на приземјето од 1230 м2, добива 10 паркинг простори во подземниот паркинг. Зацртано е на вториот кат да добие минимум 200 м2, минимум затоа што за истиот ќе има јавно надавање со што се очекува просторот на вториот кат што ќе го добие Јавното претпријатие да биде значително поголем. Понатака постојната зграда ќе се реконструира во вредност од приближно 420 000 евра, а просторот што ќе биде предвиден за тезги, приватниот партнер целосно ќе уреди и опреми со 190 тезги. Но најважно е тоа што охриѓани ќе добијат модерен, затворен зелен пазар каде ќе можат да ги задоволат секојдневните потреби, а Охрид ќе добие убав и модерен објект на местото од сегашната руина. – се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews