На Конвенција што ќе се одржи оваа сабота во Струга, ВМРО ДПМНЕ ќе го избере кандидатот за претседател со кој ќе настапи на претстојните претседателски избори во април.

На конвенцијата ќе се избира меѓу деветмината пријавени кои ќе имаат право на 15-минутна презентација, по што 551 делегат ќе може да гласа.

За да е избран во првиот круг, еден од кандидатите треба да добие најмалку 184 гласа, односно, една третина од вкупниот број. Во спротивно, се организира втор круг со првите двајца, во кој победува оној со најголем број гласови.

OhridNews