Недозволиво е во 21 век да немаме непрекинато и квалитетно снабдување со вода за пиење. Нехумано е на граѓаните и туристите во Охрид да биде им биде ускратено правото на вода како основна животна потреба подолго од 24 часа, велат од општинската ВМРО ДПМНЕ.

– Вчера охриѓани го доживеаја најголемиот апсурд и срам, да живеат покрај вода, а да немаат вода за пиење. Ваквото однесување на Локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски не само што е безобразно и неодговорно, истовремено е и лицемерно. Со кое лице ја изгласаа скандалозната одлука за поскапување на цената на водата, а сега граѓаните ги оставаат без вода подолго од 24 часа? Поради лошото менаџирање на ЈП ,,Проаква” градот беше предолго парализиран, а охриѓани и туристите вратени во 19 век, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму, прашуваат зошто до јавноста не се обратил  директорот или градоначалникот.

– Се покажа дека партиските вработувања се приоритет во ЈП „Проаква“- Водовод Охрид со што енормно се зголемуваат трошоците за плати, наместо да се инвестира во механизација и технички кадар, што  е спротивно од предизборните заложби на СДСМ кои ветуваа препород на јавните претпријатија а сме сведоци дека се случува спротивното.

Охриѓани заслужуваат подобро. Никој не смее да си поигрува со здравјето и животот на граѓаните. Одговорните лица треба да преземат одговорност и да поднесат оставки или да бидат итно разрешени, велат од ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews