Автопатот Кичево – Охрид е жртва на неодговорноста и некадарноста на СДС, обввини ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид. 

– Неспособните СДС наоѓаа најбанални изговори, како да се запре изградбата на автопатот. Градбата на Автопатот Кичево – Охрид е во целосен застој повеќе од четири месеци. 

До мај преку автопатот се гледаше работата на ВМРО-ДПМНЕ. Денес пак преку автопатот се гледа работата на СДС. До мај 1000 работници секојдневно работеа на автопатот. Сега речиси нула работници работат на автопатот. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, ова е СДС.

СДС не работи за доброто на граѓаните, СДС работи согласно теснопартиските потреби. За СДС не се важни граѓаните за нив не значи ништо тој автопат за поголем број инвестиции во Охрид и поголема достапност на градот Охрид за туристите.

Тоа е стилот на работа на СДС. Сже што можеа да запрат како капитални проекти од ВМРО-ДПМНЕ ги запреа, а тоа што ептен е отидено во напредна фаза и немаат лице пред луѓето да го запрат, сериозно го забавија за да изгледа дека се дел од тој процес.

Жалосно е што СДС го прави ова бидејќи тој што губи на крајот е народот.  А народот кога губи, ќе губи и тој што им го прави тоа. Заρади неодговорноста, целоκупната негρижа и неспособноста на СДС набρзо ќе следи политичκа одговоρност. Казната ќе им биде испорачна од граѓаните на 15-ти октомври на локалните избори.“ – се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews