Без ни малку срам СДСМ објавува конкурс за попишувачи на својата официјална партиска Фејсбук страница.
Ако станува збор за статистичка операција тогаш власта се подготвува за партизација на процесот на попишување со цел лажиран и политички попис. Ова денеска на прес конференција го истакна портпаролот на ОК ВМРО ДПМНЕ Перчо Бочиноски.

СДСМ Охрид и пратеничке Жаклина Лазаревска, повикувате ли партиски војници на конкурс да спроведуваат државен попис? Или партиско членство ќе ажурирате преку Општинската пописна комисија која ќе избира теренски попишувачи? Дали тоа ќе бидат блиски луѓе на секретарот на Општината и партиски членови? Кои се луѓето од секторот за финансии кои ќе бидат дел од Комисијата и добијат надомест од околу 500 евра?
Дали помошничката на Лазаревска сега нововработена во општината и секретар на партиската младина дополнително ќе инкасира 500 евра? Оваа Комисија ќе одлучува кои попишувачи ќе бидат ангажирани на терен исклучиво по партиски клуч! – рече Божиноски.

Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори, кој беше објавен во текот на вчерашниот ден, па повлечен од партиските послушници е класичен доказ дека се работи за политичка операција, а не статистички попис, додаде Божиноски.

OhridNews