Зоран Заев е по втор пат амнестиран политичар за очигледен криминал и повторно избега од соочување со правдата и со одговорност за криминално однесување, изјави денеска на пресконференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Рој рече дека ослободителната судска пресуда за „Поткуп“ не изненадила никого. Јавноста е свесна како работи судството под политички притисок на власта. Беше сосема јасно дека судот нема да собере храброст да му изрече казна на главниот „реформатор“ во правосудството и дека судот ќе подлегне на заканите од Зоран Заев рече Стоилкоски. 

„Денешната одлука на судот е потценување на севкупната македонска јавност дека не го видела тоа што го виде на снимките на кои Зоран Заев бара поткуп. Денешната одлука на судот е потценување на секој граѓанин кој го слушна сведочењето на оштетениот бизнисмен кој под заклетва тврдеше дека Зоран Заев во својство на градоначалник му барал поткуп за секој квадратен метар земјиште и тоа по едно евро за црквата, едно евро за партијата и едно евро за Вице. – изјави Стоилкоски.

OhridNews