Културата e вродено обележје на идентитетот и развојот на секоја една држава. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја вреднува културата како значаен дел од севкупните општествени развојни стратегии и затоа се обврзуваме на заштита на културното наследство во функција на промоција и афирмациjа на културните вредности на Македонија, – изјави Лидија Петкоска, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ во Изборната единица 5.

Таа додаде дека имаат план и програма како ќе се одвива промоцијата на Охрид и неговото културно наследство.

Промоцијата на културното наследство ќе се одвива преку осовременување на музејските поставки и депоата во национални институции кои ги имаме во Охрид како музеите, галериите, библиотеката, спомен-куќите. Но, исто така и со соодветна опрема за континуирана дигитализација. – рече Петкоска.

Културниот туризам ќе се развива со унапредување и со создавање на туристички мапи и културни тури, збогатување на археолошките локалитети со летни сцени, работилници, места за сувенир, беше истакнато на прес конференцијата.

OhridNews