Деновиве кога стравот и неизвесноста од она што ќе го живееме во наредниве месеци е присутен во секој дом и го засега секој граѓанин на Охрид, градоначалникот и општината објавија јавен повик, за испитување на јавното мислење за приоритети во изградба на инфраструктура, заштита на животна средина и состојбата со КОВИД-19 кај нас. За тоа општината планира да потроши неверојатни речиси 1 милион денари. Ова денеска на прес конференција го изјави претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид Сашо Донев.
Наместо да ги посетат урбаните заедници, на кои патем пред избори им ветија буџет до 1 милион денари, како и месните заедници во руралните средини, тие ангажираат анкетари. Наместо јавните анкети кои имаат законска обврска да ги спроведуваат пред секое носење на буџет да ги сведат на формалност, тие требаше од нив да црпат информации за инфраструктурните приоритети на Охрид. – рече Донев.

Не им треба јавна анкета за да откријат „топла вода” за тоа што и врапчињата во Охрид и охридско го знаат, освен ако треба да се оддолжуваат на некои ПР-агенции за сработеното во изминатите изборни циклуси, па сега ни мачкаат очи со некоја наводна транспарентност која граѓаните ќе ги чини 1 милион денари. – истакнна Донев.
Според Донев, за проблемите кои ги предизвика КОВИД-19 најмалку е потребна анкета. Погодените сектори секојдневно апелираат за помош, здравствените работници, угостителите, занаетчиите, студентите, учениците, просветните работници, додаде Донев.
OhridNews











