Локалната самоуправа никако да го реши проблемот со бездомните кучиња. Граѓаните секојдневно гледаат глутници кучиња насекаде низ градот, а чести се и нападите, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ.
Опозициската партија критикува дека не се преземаат потребните мерки за решавање на проблемот.
До кога Георгиески заедно со директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски ќе го игнорираат проблемот со бездомните кучиња? Зошто сè уште не функционира стационарот во „Мaуцкер”? – прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Според партијата властите се неодговорни и немат капацитет да го решат проблемот со кучињата-скитници.
OhridNews












