Советничката група на ВМРО НП реагираше на напуштањето на 11-та седница од страна на советничката група на  ВМРО-ДПМНЕ. Во реакцијата стои :

“Општинскиот комитет на ВМРО-НП е згрозен од постапката на напуштаање на 11-тата седница од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Охрид. Уште пред самиот почеток на седницата советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата на која се носеше буџетот на општината за 2010 годин  и сите програми за работа кои се во делокругот на работа  на  општината а  кои се од многу важно значење за граѓаните на општина Охрид.

Советничкатаа група  ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата со образложение дека ќе одат на терен во населбата Воска, во загрозеното подрачје од вчерашните поплави за да се солидаризираат со тамошното население.После повеќе од 24 часа од поплавниот бран, за време на самата седница на советот на општината советниците на ВМРО-ДПМНЕ безобразно се обидоа да направат евтин политички маркетниг на сметка  на загрозените граѓани од вчерашното невреме.

Жално е тоа што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ заборави  дека надлежност за уредување на коритата на реките и отворените канали надвор од опфатот на генералниот урабанистички план има владата на република Македонија. Граѓаните на општина Охрид со сметките за вода за пиење одвојува 2% за републичкиот фонд за води што на годишно ниво изнесува повеќе од 2 000 000  денари.

Наместо да ја напуштат седницата членовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, многу по практично ќе беше да интервенираат кај надлежните во владата на РМ да  спроведат акција на чистење на   речните корита и отворените канали, како што тоа го  прават во општините во кои локалната власт е од редовите на владеачките партии како што  е случајот во Скопско, Битолско, Тетовско и т.н. Должност на владата  на република Македонија е да го решпи проблемот со нефункционирањето на јавните водостопански претпријатија и мелеоративните системи да ги одржуваат на задоволително ниво  за да секоја пролет и есен  не ни се случуваат поплави и изливање на реките и потоците“ – се вели во реакцијата потпишана од советничката група на ВМРО Народна партија.

ohridnews