ВМРО НП на завршната прес конференција денеска презентираше фото и видео материјал за уништување на изборни плакати на ривалските партии од страна на ВМРО ДПМНЕ. Оттаму обвинија дека актуелната власт се служи со притисоци и некоректна кампања, посочувајќи дека се користат лога на партиски приврзоци за да се внесе забуна кај граѓаните.


Незадоволство од случувањата, особено во последните неколку дена, искажа и претстедателот на Општинскиот изборен штаб на СДСМ, Александар Петрески, кој ја обвини ВМРО ДПМНЕ дека дистрибуира флаери и лепи плакати од Социјалдемократската партија, чие лого како што кажа е речиси идентично со тоа на социјалдемократите.

-Активисти на ВМРО ДПМНЕ синоќа лепеа плакати во Охрид на Социјадемократската партија, за што поседуваме докази кои се проследени таму каде што треба. Тоа се прави со цел да се збунат гласачите. Исто така се вршат притисоци кон јавната администрација и фирмите кои не се наклонети на власта. – рече Петрески. Тој изрази благодарност до медиумите за коректниот однос и професионално известување за време на кампањата.

OhridNews