Комисијата за доделување на награди да си даде оставка, бидејќи со нивната одлука грубо се прекршении одредбите според кои општината ги доделува овие награди бараат од ВМРО Народна партија. Од партијата имаат сериозни забелешки на начинот на кој се доделени наградите.  


 – Во службен весник број 11 издаден на 30.10 2006 година,  јасно се прецизирани критериумите според кои оваа награда се доделува. Прекршени се членот 3. членот 5. членот 6 и членот 8 во кои стои: Општина Охрид во текот на една година доделува една награда и три повелби, наградата се доделува на еден добитник само еднаш, наградата се доделува за животно дело и наградата се врачува во чест на патронот на градот Климент Охридски и таа се доделува на свечена академија – истакна Јоне Станковски советник во локалната од ВМРО НП.

Според Станковски комисијата ги има пропуштени сите овие одредби и тој прашува според кој критерим ги има донесено одлуките.  – Со непочитување на одлуките на советот се деградира прво институцијата Совет на Оптшина Охрид, и се девалвира значењето на наградата Патрон на град Охрид. – завршува Станковски.


И Преседателот на општинскиот огранок на ВМРО НП, Ванчо Костоски запрша кои се критериумите според кои се доделни наградите, посебно онаа на Цветко Грозданов.

Кое е тоа животно дело со кое Грозданов го задолжи Охрид. Пратеникот Грозданов е најголемата кочница за Охрид, бидејќи тој е најголемиот виновник за тоа што Охрид не влезе во втората фаза на децантрализацијата и е голема кочница за поголемиот број на урбанистички решенија, вклучувајки ја 8- та урбана единица – рече Костоски.

ohridnews