По повод  18 години од формирање на Унијата на млади сили на ВМРО во очи празникот Богојавление – Водици, во просториите на кафе бар Офсајд коктел одржа УМС на ВМРО-НП , Охрид.


На коктелот присуствуваа сите претседатели на УМС од формирањето па до денес. Обраќање по тој повод имаше претседателот на УМС  во заминување Јоне Станковски, кој вечерта го претстави и новиот претседател на УМС на ВМРО-НП , Охрид Филип Јованоски.

Јованоски е дипломиран политиколог и постдипломец. Од страна на ОК на УМС на ВМРО_НП Охрид досегашниот претседател Јоне Станковски беше прогласен за почесен претседател , а Симон Џиков доби признание за досегашното несебично ангажирање во рамките на партијата.

Ohridnews