ВМРО Народна партија ја обвинува власта дека сака присилно да го албанизира Охрид.

-Во 2010 година Министерството за образование и наука распиша конкурс за примање на 68 ученици во ОЕМУЦ Св. Наум Охридски кои наставата ќе ја следат на албански јазик. Само после две години од воведувањето на албанските паралелки во Охрид, потегот на Владата доживеа вистински крах. Имено, оваа година, на конкурсот за запишување на ученици во средните училишта не се јави ниту еден ученик да ја следи наставата на албански јазик, велат од ВМРО НП.

На 14 април 2010 година, ВМРО – Народна партија преку прес – конференција реагираше на одлука на Министерството дека е неоснована и политички мотивирана и побара истата да се повлече.

-Сакаме да ја запрашаме Владата на Рапублика Македонија и владеачката партија ДПМНЕ која е целта што сакаат да ја постигнат со отворањето на овие две паралелки?! Дали присилната албанизација на Охрид со ваквите одлуки е дел од коалиционите договори со ДУИ?! Не сакаме градот Охрид и охриѓани да ја платат цената за стабилноста на нивната коалиција. Како и тогаш, така и сега, бараме од владеачката ДПМНЕ да се произнесе околу оваа одлука, стои во реакцијата на ВМРО НП.

OhridNews