Поради назначување на еден советник за носител на јавна функција, Величе Маркоски како втор на независната листа се приклучи на Советот на Општина Охрид. До само неколку дена пред назначувањето, Величе Маркоски со погрдни зборови и со разни негативни квалификации ги етикетираше сите раководители на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Охрид. За само еден ден, Величе Маркоски одново се прероди и на говорницата во Советот истакна дека се приклучува кон ДПМНЕ. Во тоа време, ВМРО – Народна партија не сакаше да ги коментира пазарењата на Маркоски со ДПМНЕ, иако ни беше се јасно. Денес целата охридска и македонска јавност го гледа долгот кој ДПМНЕ го исплаќа кон советникот, стои во испратениот допис од општинската ВМРО- Народна партија.

– На неодамнешниот конкурс во охридската болница на кој беа примени четворица нови доктори, еден од нив е и синот на советникот Величе Маркоски. Дали има уште нешто во пазарот на ДПМНЕ со Маркоски, не знаеме. Практиката во ДПМНЕ продолжува. Најповеќе профит имаат оние кои ќе се приклучат покасно кон партијата, отколку верните гласачи. Оние кои цело врреме се со ДПМНЕ чекаат на ред на некои партиски списоци за вработување, се наведува меѓудругото во дописот.

ВМРО – Народна партија, го повторува повикот до ВМРО- ДПМНЕ да престане да го партизира здравството и како што велат од оваа партија, да овозможи квалитетните кадри, а не партиските војници, слободно да ги градат своите кариери.

OhridNews