Податоците од хидролошките станици измерени во 16:00 часот покажуваа понатамошни покачувања на водостоите, особено во западните делови од Македонија. Такви тенденции има на реките Црна, Треска и Вардар.

Најновите информации од автоматските станици измерени во 21:00 часот покажуваат и понатака високи водостои. На станицата во Јегуновце (р.Вардар) измерени се 214 cm и според наши согледувања соодветно на водните количини во реката, во околина на станицата возводно и низводно очекувано е да има излевања на реката Вардар. Поради појавата на високи водостои и излевања предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците низ Македонија, а особено во делови од Западна Македонија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

OhridNews