Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози, информираат од АМСМ. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец Кичево – Охрид во близина на Ботун поради санација на свлечиште, сообраќајот и натаму се одвива наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. 

OhridNews