Според податоците на СВР Охрид, во  2011 година, бројот на евидентирани казнени дела е помал споредено со минатата година.

Во однос на класицниот криминалитет , во 2011 регистрирани биле 742 казнени дела, што значи за 57 помалку споредено со минатата година кога биле регистрирани вкупно 799.

Помал е бројот и на евидентирани казнени дела во областа на организираниот криминалитет. Во годината која изминува регистрирани биле 10, додека пак во 2010 – 20 казнени дела. 

Во областа на јавниот ред и мир годинава биле регистрирани 531 случај, за 67 помалку од евиднтираните 598 во 2010. Помал е бројот и на случени сообраќајни незгоди. Во 2011 регистрирани се 352 сообраќајни незгоди, додека пак во 2010 -463.

Од СВР Охрид изразуваат надеж дека ваквата тенденција на намалување на бројот на казнени дела ќе продолжи и во текот на идната година и дека во 2012 година, активностите на полицијата пред се ќе бидат насочени кон превентивното делување за намалување на стапката на криминалитетот,  репресивните мерки ќе бидат сведени на минимум.

OhridNews