Градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески , на граѓаните на Општина Охрид им ја честитаат Новата 2012 година и Божиќните празници , со желби за добро здравје, среќа и просперитет.

-Општина Охрид, во годинава што измина и покрај проблемите со кои се соочуваше, успеа да реализира повеќе зафати со кои го подобривме животот на граѓаните. Направивме и многу проекти , со кои , според високи стандарди, придонесовме за вредување на Охрид во елитните туристички центри во овој дел од Европа.

И покрај сите потешкотии кои го обременуваат секојдневието на граѓаните, градот во изминатава година, своите приоритети и цели ги оствари благодарејќи и на Вашата поддршка. Обврска на Локалната самоуправа е и во нареднава година да го продолжи и интензивира вкупниот развој и да го подобри квалитетот на современото живеење.Заедно ќе направиме се, Охрид и натаму високо да котира на светските ранг- листи за најпосакувани туристички дестинации.

Уште еднаш, на сите граѓани на Општина Охрид им посакуваме добро здравје, лична среќа и остварување на нивните планови.Нека ни е среќна и успешна Новата 2012 година – стои во честитката на градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески.

OhridNews