Триесет и пет бесправно изградени објекти се регистрирани во Охрид минатата 2025 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Од нив 11 се објекти за домување, 8 настрешници, 6 огради, 4 деловни објекти, 3 помошни објекти, 2 доградби, надградби и слични адаптации и 1 гаража, покажуваат податоците на ДЗС.

Споредбено со претходните години, во 2024 во Охрид биле регистрирани 54, во 2023 38, додека во 2022 53 бесправно изградени објекти.

Во Струга минатата година се регистрирани ист број на бесправно изградени објекти како и во Охрид, односно 35 од кои 9 објекти за домување, 7 доградби, надградби и слични адаптации, 7 огради, 5 деловни објекти, 3 гаражи, како и по 1 тераса, летна тераса, настршница и помошен објект, се посочува во извештајот од ДЗС.

Во 2024 во Струга биле регистрирани 45, додека во 2023 49 бесправно изградени објекти.

На ниво на држава бројката на бесправно изградени објекти изнесува 911. Според видот на објектот, бесправно се изградени 169 објекти за домување, 110 доградби, надградби и адаптации, 116 деловни објекти, 79 гаражи, 164 огради, 9 скалила, 6 тераси, 22 летни тераси, 113 натстрешници, 17 времени објекти  и 106 помошни објекти.

Н.С.Ј.

извор. ДЗС