Топлотниот бран што ја зафати земјава дополнително ја загреа температурата на воздухот која е висока и во вечерните и раните утрински часови. Така утрово во 7 часот во Охрид се измерени 25 степени Целзиусови.

ПЧреку денот не очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови претежно од источен правец, а во источните од променлив правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 31 степен.

Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Г.М.