Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 47 и 40 години од охридското село Долно Лакочереј.

При извршен преглед во патничко моторно возило, на ул.„Абас Емин“ во Охрид, во кое биле пријавените, полициските службеници пронајдоа и одзедоа хероин, информира МВР.

OhridNews