Познатиот моден бренд бутици „Емили“ и годинава со богата и квалитетна понуда за матурантите по најприфатливи цени.

Најновите модели за матурските прослави, кои се во чекор со светските модни трендови, веќе пристигнаа. Ексклузивно во бутици „Емили“ во ТЦ „Амам“ на кат во Охрид и наспроти градскиот пазар во Струга, комплет облека за матуранти за само 4800 денари! Цената се однесува на соодветна комбинација на сако, панталони, кошула и машна за чиј избор ќе ви помогне стручен и искусен тим. Машките струкирани костуми се по цена од 5500 денари па нагоре додека класичните костуми се со почетна цена од 3500 денари.

Извонредната понуда во бутици „Емили“ постојано се надополнува со нови модели на фустани за матурските прослави и други свечени прилики. Моделите се уникатни и не се повторуваат. Цените на фустаните зависно од брендот се движат од 900 до 8500 денари за кратките фустани и од 2200 до 18500 за долгите.

Бутици „Емили“ нудат и брза, стручна и бесплатна корекција за секое купено парче облека. Доколку имате кредитна картичка од Тутунска банка плаќањето може да се изврши на 6 и повеќе рати.

Новите модели и целосната понудата може да ги погледнете на фан страната на бутици „Емили“ на Фејсбук.

OhridNews