Во четврток на свеченост која ќе се одржи во галеријата при Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 12:00 часот ќе бидат одбележани 80 години од раѓањето на Иван Карадак – македонски писател, драматург, афорист и сатиричар.

На настанот предвидено е обраќање на неговата ќерка, поетесата Марта Маркоска, која ќе даде и осврт кон неговото творештво, ќе биде отворена меморијална поставка, а ќе има и специјално издание на легендарното „Хихириху 2026“ на актерот и комичар Марјан Георгиевски, инспирирано од афористичкото и сатирично творештво на Карадак.

Настанот ќе биде заокружен со драмскиот перформанс „Последниот ракопис на Иван Карадак“, во изведба на ученици од ОСУ „Св.Климент Охридски“.

Повелете заедно да му оддадеме почит на еден од значајните творци на македонската култура и да го одбележиме овој важен јубилеј, велат од Секторот за култура при Општина Охрид.

Иван Карадак бил роден на 16 јули 1946 година во Охрид. Најпознат бил по емисијата „Хихирику” што секоја недела била емитувана на првата програма на Македонското радио цели четириесет години. Добитник е на многу награди меѓу кои државната награда „Св. Климент Охридски“.

OhridNews