Во четврток  со почеток во 10 часот ќе се одржи 47- та седница на Советот на Општина Охрид.

Општинските избраници ќе треба да расправаат за предлог одлуките за  поддршка на проектот „Управување со ризици од поплави“ , за ,,Искористување  и уништување на градежен отпад и асвалт“ и за усвојување на годишната  програма за поставување на  урбана опрема во општина Охрид. Исто така на гласање ќе се најдат и предлог одлуките за продолжување на работното време на  угостителските објекти и за  организирање на режимот на  сообраќај на дел од територијата на општина Охрид. Прeд советниците ќе се најдат и извештаите за работење на општинските јавни претпријатија  за првите три месеци од 2012 година.

На дневниот ред на седницата ќе бидат и неколку предог одлуки за нацрт детални урбанистички планови.

OhridNews