Во општина Дебрца покрај локалните избори, денеска ќе се одржи и референдум за изградба на регионална депонија во с. Годивје.

Референдумското прашање гласи:  Дали сте за или против изградба на регионална депонија на подрачјето на општина Дебрца?

 

Во општина Дебрца право на глас имаат 4625 лица, кои ќе избираат помеѓу тројца кандидати за градоначалник и три кандидатски листи за советници.

Вториот круг од локалните избори, онаму каде што ќе има потреба, ќе се одржи на 29-ти октомври.

OhridNews