СВР Охрид поднесе кривична пријава против 70-годишен жител на селото Слатински Чифлик поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“ и „фалсификување на огнено оружје“ и против 37 – годишен жител на селото Лескоец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При претрес во домот на првопријавениот биле пронајдени и одземени една ловна пушка „Моссберг“, еден пиштол „Црвена Застава“ и 22 куршуми со различен калибар, за кои не поседувал дозвола за чување и користење.
При претрес извршен во домот на второпријавениот во селото Лескоец била пронајдена марихуана, информира СВР Охрид.
OhridNews












