Елшани, малото живописно село во близина на Охрид, и ова утро го дочека големиот православен празник Богојавление – Водици во духот на вековната традиција. Жителите, како и секоја година, рано излегоа на утринската богослужба во црквата „Свети Пророк Илија“, каде се осветија водите како симбол на чистота и нов почеток.
Кулминацијата на празникот беше фрлањето на чесниот крст во изворските води, кај Клајнецот. Годинава, крстот го фати Петар Стевоски, кој претходно уште двапати ја имал честа да го направи тоа. Неговата радост беше очигледна, дополнета од наградите што ги доби – паметен часовник од Месната заедница и убава икона како благослов од црковниот одбор.
Според традицијата, тајфата на фаќачот ги посетува сите домови во селото, а жителите со искрена радост го даруваат крстот, внесувајќи топлина и заедништво во секој дом.
Прославата на Водици во Елшани традиционално продолжува со народен собир на сретсело, како и богати светијонски трпези кај овогодинешните кумови. Живата атмосфера, исполнета со песни, ора и звуците на традиционалните инструменти, го претвора празникот во вистинска магија и симбол на заедништво.
Парична казна во висина од 5000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезо...
Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ денес го одбележаа 21 септември, Глобалниот ден на кругот на мирот Преку активности заедно со своите наставници тие ја испратија поракта „Едно дрво Еден круг Еден заед...
Самостојна изложба на слики насловена „Охридска рапсодија” на Анче Колева ќе биде отворена утревечер, 22 септември, со почеток во 19:30 часот во изложбениот салон во НУ Центар за култура „Гри...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.