На 14-ти и 15-ти септември на Факултетот за туризам и угостителство Охрид ќе се одржи 14-та Меѓународна научна конференција за услужниот сектор INSCOSES 2018.
Целта на конференцијата е да се стимулираат отворени дискусии помеѓу експерти, практичари, истражувачи, научници и академијата за различни аспекти на развојот на услужниот сектор. Покрај домашни, учество ќе земат и еминентни личности од оваа област од Србија, Хрватска, Бугарија,Германија, Русија, Полска, Израел, САД и други земји.
Учесниците можат да достават преглед и истражувачки трудови поврзани со главната тема на конференцијата и различните тематски области на конференцијата во врска со туризмот и угостителството, осигурување, царина и шпедиција и финансиски услуги.
OhridNews












