Квалификацискиот  дуел помеѓу Хрватска и Србија за мундијалот во Бразил предизвика голем интересен кај хрватските навивачи и хаос пред билитарите ширум државата. Стадионот “Максимир“ во Загреб на 22 март ќе биде домаќин на овој “балкански“ спектакл.


Продажбата на влезниците започна од 21 февруари, а најтврдокорните навивачи на “коцкастите“ кампуваа пред билетарите за да обезбадат подобра позиција пред почетокот на продовање на билетите.


Хрватите имаа опција влезниците за мечот да ги набават преку интернет страната на хрватска фудбалска федерација. Но, поради големи интерес и посетеност серверот на страната не го издржа налетот на хрватските љубители на фудбалот.


Една особа може да купи најмногу четири влезници, а цената билетите се разликуваат по местата на стадионот.


Најскапиот билет изнесува 1300 денари, а е наменет за долниот дел од западната трибина додека најефтиниот е 350 денари за горниот дел од северната трибина.

Мх.П.