На свеченост што ќе се одржи вечерва во куќата на Уранија, на големото име на чешката и светската кинематографија Јиржи Свобода, ќе му биде врачена Светската награда за хуманизам за 2017 година, што ја доделува Охридската академија на хуманизам.
-Неговиот исклучителен животен и творечки опус, чијашто уметничка круна беше остварена минатата година со филмското ремек-дело посветено на Јан Хус, го вброи меѓу големите имиња на светската хуманистичка мисла кои изминативе години ја збогатија духовната меморија на Охрид, градот на вечно живите македонски просветители Св. Климент и Св. Наум, ученици на апостолите на сесловенската култура Св. Кирил и Методиј, заштитници на Европа, велат од Охридската академија на хуманизам.
Од нејзиното воспоставување во 2007 година, Светската награда за хуманизам е доделена на великаните на интернационалната хуманистичка визија , како што се Даисаку Икеда (Јапонија), Мануел Де Олвеира (Португалија), Александр Солжењицин (Русија), Рави Шанкар (Индија), Питер Брук (Велика Британија), Херта Милер (Германија), Џон Ралстон Саул (Канада), Светлин Русев (Бугарија), Вида Огњеновииќ (Србија), Дарко Гашпаровиќ (Хрватска).
На свеченоста по повод доделувањето на Светската награда на хуманизмот се очекува да се обратат: Јордан Плевнеш – Претседатател на Охридската академија на Хуманизмот, Мирослав Рамеш – амбасадор на Република Чешка во Македонија, Грагоначалнкот на Општина Охрид Никола Бакарачевски, кој воедно и ќе ја врачи наградата, како и добитникот на признаниет, Јиржи Свобода.
OhridNews












