Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, вторник, 15 мај, во метохот на манастирот Св.Наум Охридски – Св.Атанасиј Велики – Љубаништа, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот Пренос на моштите на Св.Атанасиј Велики.

Литургијата ќе почне во 8.45 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

OhridNews