Во Охрид во мај годинава биле издадени 12 одобренија за градење покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од нив седум на физички лица и пет на деловни субјекти. Предвидената вредност на објектите изнесува 461 216 илјади денари. Со издадените одобренија е предвидена изградба на 145 станови со вкупна корисна површина од 9 494 м2. Најголем дел од планираните станови се двособни – 89, додека 46 се трособни, пет еднособни…

За споредба во мај месец во 2025 биле издадени 10, а во 2024 година 14 одобренија за градење во Охрид.

Во Струга во мај годинава се издадени 10 одобренија за градење на девет физички лица и еден деловен субјект. Предвидената вредност на објектите изнесува 80 259 илјади денари. Со овие одобренија е планирана е изградба на 28 станови со корисна површина од 2 336 м2.

Во Дебрца нема издадено ниту едно одобрение.

На ниво на држава издадени се  340 одобрение за градење, што е за 27.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Во извештајниот период е предвидена изградба на 840 станови со вкупна корисна површина од  71 561 м2.

Н.С.Ј.