Младите волонтери од општинскиот Црвен крст мотивирани од светската кампања ,,Младите се на потег“, во клубот на млади формираа клуб за цртање.

Носител на идејата за формирање на клубот е на Филип Стојкоски,  студент од трета година на Универзитетот за Информатички Науки и Технологија  од Охрид, кој   ја реализира со поддршка од триесетина волонтери кои  изминатите два месеци  ги надоградуваа личните капацитети  со истражување и воведување разни техники и модели на креативно изразување .

Круна на овие работилници е мултимедијалниот проект  ,,Во нашите мисли ,,  кој ќе се реализира на 28- ми јуни, четврток,  со почеток во 20 часот, во изложбениот салон на Центарот за кутура ,,Григор Прличев,,.

Културниот настан е од хуманитарен карактер и  ќе биде збогатен со музички дел, со настап на талентирани волонтери од Црвен крст Охрид.

OhridNews