“Во очекување на Дедо Мраз” е насловот на детската претстава, што денеска ќе биде изведена во градинката Лихнида и Централната градинка, во Охрид.

Претставата е дел од хуманиот проект “Помош на ученици”, кој е инициран од лајонс клубот “Лихнидос”, а во директна соработка со Секторот за Образование при  Општина Охрид. Претставата ќе биде во реализација на “Медиа Артес Охрид”, а во неа ќе учестствуваат  професионални артисти од градот.

Цената за билетот за оваа претстава е 50 денари, а седствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат наменети за учениците со загрозен социјален статус.

Ohridnews