Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.776 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи со КОВИД-19, четири починати и 355 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од 310 новозаболени од Скопје се 180, Битола 29, Прилеп 21, Охрид 14, Куманово 10, Кавадарци, Велес и Делчево по 9, Гостивар 4, Тетово, Кичево, Гевгелија и Крушево по 3, Струмица, Кочани и Пробиштип по 2 и Штип, Струга, Ресен, Радовиш, Дебар, Валандово и Кратово по 1.

Од вкупниот број на позитивни (310), регистрирани се 48 реинфекции.

Од 355 оздравени пациенти од Скопје се 198, Битола 26, Кавадарци 19, Охрид 16, Прилеп 12, Куманово 11, Штип 9, Велес, Делчево и Кичево по 8, Неготино 6, Гевгелија, Кочани и Демир Хисар по 4, Тетово, Струмица и Ресен по 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Крива Паланка по 2 и Валандово, Кратово, Свети Николе, Виница и Македонска Каменица по 1.

Од четирите починати, две се од Велес (76г и 77г) и по едно починато лице од Скопје (77г) и Кавадарци (54г). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица, од: Скопје (69г) и Кавадарци (62г). Пријавените лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати на 26.03.2022 година. Кај сите шест вкупно починати лица се регистрирани коморбидитети.

OhridNews