Од направени 2.275 тестови, регистрирани се 281 нов случај на Ковид-19 од кои најголем дел – 169 се од Скопје. Од вкупниот број позитивни регистрирани се 48 реинфекции. Оздравеле 285 пациенти, а починале три лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Битола регистрирани се 24 позитивни на Ковид-19, во Кавадарци – 13, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по осум, Кичево – шест, Струмица и Гевгелија – по пет, Тетово – четири, Велес, Гостивар, Кочани, Ресен и Делчево – по три, Неготино, Виница и Богданци – по два, Штип, Струга, Радовиш, Берово, Валандово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по еден позитивен случај.

Од оздравените пациенти, 152 се од Скопје, во Прилеп – 37, Кавадарци – 21, Битола – 16, Куманово – 14, Гевгелија – седум, Ресен – шест, Велес – пет, Кичево и Гостивар – по четири, Тетово и Кочани – по три, Штип и Берово – по два, Охрид, Струмица, Неготино, Виница, Богданци, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Пехчево – по еден.

Од трите починати лица, едно е од Битола на 63 години, едно лице од Охрид на 85 години и едно од Крива Паланка на 76 години. Сите се починати во болнички услови. Кај сите три лица се регистрирани коморбидитети.

OhridNews