Локална компанија се подготвува да отвори фабрика за производство на марихуана за медицински цели во Охрид, дознава „OhridNews“.

Неофицијално фабриката ќе биде сместена во погоните на некогашниот автомобилски гигант „Застава“, на површина од повеќе илјади метри квадратни, кои се адаприраат за новите потреби.

Според најавите оваа фабрика ќе биде една од најголемите со ваква намена во земјава.

Исто така, дознаваме дека друг правен субјект, во Дебрца, охридско, гради инфраструктура за плантажа за одгледување на канабис за медицински цели.

OhridNews