По повод 40 години од Блаженото упокоение на Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј, прв Архиепископ на возобновената Охридска Архиепископија во МПЦ), на празникот „Јавување на Чесниот Крст во Ерусалим“, во Црквата Св. Богородица Перивлепта, на 20 мај, четврток, со почеток во 9:00 часот ќе се служи света заупокоена литургија. По заупокоената литургија ќе се служи парастос, на кој ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат и присуствуваат на богослужбата, ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание. – соопшти Дебарско – кичевската епархија.

OhridNews