Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 89 прекршоци за неносење лична заштита на лицето. Од нив во Охрид-29, Струга-18, Кичево-29, Дебар-13.

 

На прекршителите им се издадени платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 10 контроли врз угостителски и други објекти.

OhridNews