Излезноста во Охрид до 17:00 часот е 51 %, односно гласале 26 644 избирачи. За споредба, во првиот круг од Локалните избори правото на глас до 17:00 го оствариле 21 302 гласачи или 46 %.

Во Општина Дебрца до 17:00 часот гласале 54,74% од вкупно запишаните избирачи во избирачкиот список или 2380 гласачи. Во првиот круг излезноста до 17 часот била 53,29% или 2317 гласачи.

Во општина Струга излезноста е 36,94% односно гласале 22 680 граѓани.

Во Вевчани до 17 часот гласале 75,60% односно гласале 1.568 избирачи.

OhridNews