Охрид се здоби со уште едно културно катче. Станува збор за “Виа Данте”, локален огранок на Институтот “Данте Алигиери” од Италија, кој има над 500 претставништва низ светот.
 
Центарот “Виа Данте” Охрид, ќе функционира во простиите на Факултетот за туризам и угостителство и ќе нуди курсеви по италијански јазик, користење на библиотека со специјализирани изданија, како и други културни активности во вид на уметнички изложби, филмски ревии, концерти со учество на домашни и италијански уметници.

OhridNews