Со новиот закон за бучава кој ќе биде во согласност со европските стандарди, прецизно ќе се утврдат дозволените граници на бучава во различни периоди од денот.

Како што дознава ohridnews, со овој закон бучавата во текјот на денот во Охрид ќе се регулира во три нивоа, еден период е од 7-19ч., другиот е од 19-23ч., а третиот период е 0д 23 до 7 ч. наутро. За секој од овие периоди ќе важат посебни ограничувања на дозволена бучава.

Надзорот врз бучавата покрај државните инспектори ќе го врши и полицијата, кои покрај пријавите ќе имаат право и  да  затвораат објекти кои произведуваат бучава поголема од дозволената.Се зголемуваат и казните кои се во согласност со новиот закон за прекршоци, според кој предвидена е глоба за прекршување на законот за бучава во висина од 3000 до 5000 евра.

Законот за бучава, како што не информираче државниот секретар во министерството за животна среднина, Дејан Паноски,  ќе биде проследен со 15 подзаконски акти, а  на седница на Собранието се очекува да се најде наредната недела.