
Дебатата се организира во рамките на проектот за градење на институционалните капацитети на Министерството за Здравство и здравствените организации кој го имплементира Центарот за Институционален Развој-ЦИРа, поддржан од УНИЦЕФ.
Целта е цел да се обезбеди граѓанско учество во процесот на верификување и финализирање на Националната Стратегија за Здравје и Развој на Адолесценти на возраст од 10 до 19 години во Република Македонија. Нацрт стратегијата е подготвена од Министерство за здравство, со помош на експерти од земјва и на УНИЦЕФ.
Охрид е еден од 10 те градови во Македонија каде што се организира јавна дебата на која граѓаните и сите засегнати страни во заедницата, креатори на локалната здравствена политика, ќе дискутираат по однос на предложената нацрт Национална стратегија.
Г.М.











