Претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска и заменик – градоначалникот Ангел Јанев, во текот на вчерашниот ден остварија средба со учесниците на проектот „Волонтеризмот во служба на Аутизмот“.
Во проектот учествуваат шест држави со по шест учесника, а истиот е финансиран од Европската унија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам и Аспергеровиот синдром „Во мојот свет“.
„Локалната самоуправа имаше исклучителна можност да биде домаќин на учесниците во летниот камп „Волонтеризмот во служба на аутизмот“. Оваа средба беше убава можност да ги запознаеме учесниците на проектот и да им посакаме добредојде. Беше убава можност да ги размениме искуствата во справувањето со оваа состојба на оваа категорија луѓе, која што бара посебен третман во својата интеграција во општеството. Во локалната самоуправа постои цврста заложба за подобрување на вкупната клима, од подигнување на јавната свест за постоењето на оваа состојба до преземањето на конкретни чекори за формирањето на дневен центар за згрижување, односно за работа со оваа категорија на луѓе.“ – рече претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска.
Инаку, проектот е подржан од општина Охрид и македонската Влада, а е под покровителство на првата дама на Република Македонија, Маја Иванова.
OhridNews













