На изборите за претседател на Република Македонија, за градоначалник и за советници што ќе се одржат на 22-ри идниот месец, во Охрид ќе се гласа на 73 избирачки места,соопштија од Општинската изборна комисија.

Во избирачките одбори, покрај членовите и замениците од редовите на државната администрација, согласно измените во изборниот законик, ќе  има и членови на најголемите политички партии- ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

Измени има и во составот на општинската изборна комисија. Марика Англеска и натаму останува претседателка на комисијата. За нејзина заменичка е назначена Радмила Матјаноска. Членови на ОИК се Станко Јовчески, Митре Николоски, Ранко Крстески и Ѓорѓи Бошале, а нивни заменици се Живко Митаноски, Габриела Патчева, Зора Бушовска и Жаклина Михајловска.

Во единствениот избирачки список во Охрид, во законски утврдениот рок кој истече на 3 февруари, увид извршиле 7.872 граѓани. Направени се и 74 корекции во списокот на гласачи.

Ohridnews