На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест овој датум се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина. По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото “Насекаде за секого”.
На 8 мај 2018 (вторник) 10:30 ч. ќе биде положено свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид, пред седиштето на Црвен крст Охрид, по што во 10:00 ч. ќе се одржи крводарителска акција во Факултет за туризам и угостителство – Охрид.
На 9 мај 2018 (среда) 11:00 ч. ќе има отворен ИНФО ДЕН во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст.
Од 8-15 мај 2018 на сите новороденчиња родени на Гинеколошкото одделение при Општата болница во Охрид ин нивните мајки, Црвениот крст ќе им додели пригодни и корисни подароци.ќ
Неделата на Црвениот крст ќе биде заокружена со Работилници за дисеминација-ширење на знаењата за Црвениот крст со ч волонтерите на Црвен крст Охрид.
OhridNews












