Во петок, 5- ти април, во хотел Тино во организација на Младински Совет Охрид ќе се одржи првиот Форум за интеркултурен дијалог чија цел е активните чинители од општина Охрид да го дадат својот допринос во креирање на стратегијата за интеркултурен дијалог за општина Охрид, со заеднички активности за подобрување на соработката со своите колеги и соработници од општина Поградец, Република Албанија.

Се очекува учесниците на форумот да ги одредат целите на делување, да предложат конкретни активности, да ја одредат временската рамка за нивна реализација, да ги поделат одговорностите и да ги предвидат потребните ресурси за спроведување на стратегијата.

На форумот се поканети да учествуваат претставници од образовните институции, институциите од областа на културата, здруженијата на етничките заедници, здруженијата кои ја третираат културата, политичките партии, локалната самоуправа, од општина Охрид, а се очекува да присуствуваат и претставници на партнерската организација ,,Уне груаја,, од Поградец,  Албанија.

На форумот му предходеше истражување за согледување на ставовите и мислењата поврзани со интеркултурниот дијалог и соработка.

OhridNews