Во Охрид денеска ќе отпоче дијалогот помеѓу политичките партии во Македонија, наречен процес „Жан Моне“, кој го иницираа ројцата европратеници Вајгл, Кукан и Флекенштајн.
На средбата ќе се разговара за прашања кои ја дефинираат работата на Собранието, а се дел од европската агенда на земјата.
Според најавите парламентарните партии ќе разговараат за измените во Собранискиот деловник, изработката на Етички дековник, а пратениците побарале во преговорите да се вклучи и изготвувањето стратегија за фискална транспарентност на Собранието, како и буџетска независност на законодавниот дом.
OhridNews












